Imperdibile – Незаменливиот вкус на Италијанските сокови од сега и кај нас

Јануари е месец на нови почетоци, па така од овој месец, портфолиото на Гемак се збогатува со нова палета на безалкохолни пијалоци  – Imperdibile. Производи на Fava Bibite, еден од најголемите производители на безалкохолни пијалоци во Италија, познат по исклучителниот квалитет.

Индустријата за безалкохолни пијалоци сѐ повеќе расте , а голем допринос во тоа има и трендот на мешање на алкохолни со безалкохолни пијалаци односно коктели и миксери кои се исклучително популарни.

Imperdibile е линија од 14 различни вкусови, сите добиени од природни и внимателно одбрани состојки.

Линија на премиум тоници – совршен избор за омилените Gin&Tonic комбинации

  • Dry Bitter
  • Superior Italian
  • Wild Botanical
  • Bergamont
  • Oak Wood

Линија на посебни миксери – откријте ги скриени вкусови на вашето омилено виски, со додавање на ѓумбир или сода вода

  • Ginger Beer
  • Ginger Ale
  • Soda Water

Линија на газирани сокови – освежете се со необичените италијански вкусови

  • Gazzosa
  • Limonata
  • Smupa Alpina Aranciata
  • Cedrata
  • Baobab
  • Chinotto